Свет

Русија: Еден од шесте блокови на електраната работат во Запорожје

Русија: Еден од шесте блокови на електраната работат во Запорожје

Украинската нуклеарна централа во Запорожје не е целосно функционална и работи само еден од шесте блокови, изјави за ТАСС член на руската воено-цивилна управа на регионот Запорожје, Владимир Рогов.

„Животната средина и радијацијата во нуклеарната централа Запорожје се нормални. Една единица е во функција, од шест, колку што може да работи“, рече Рогов.

Тој додаде дека електраната „може целосно да работи само во еден енергетски систем, како дел од енергетскиот систем на Русија и за руската економија“, јави ТАСС.

Нуклеарната централа Запорожје е посебна гранка на украинскиот Енергоатом од 1996 година, а во март 2022 година централата беше окупирана од руските сили за време на нападот врз Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни