Свет

Русија ќе ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината

Русија ќе ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината

Руската влада одлучи да ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината, освен за испораките извршени врз основа на меѓудржавни договори, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.

Според него, паралелно ќе се воведе забрана за извоз на дизел гориво за компании кои не се производители, пренесува Интерфакс.

Руските индустријалци предупредуваат дека забраната за извоз може да предизвика проблеми за самите производители. Според претставници на нафтените и гасните компании, Русија произведува двојно повеќе дизел од домашната потрошувачка, па затоа забраната за извоз за рафинериите би довела до намалување на преработката и индиректно до пад на производството на бензин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни