Руското Министерство за одбрана ги коментираше извештаите за наводните руски ракети кои ја погодиле полска територија, велејќи дека тоа е „намерна провокација“.
Откако вечерва паднаа две ракети врз Полска, се огласи и Русија, велејќи дека извештаите за полските напади се „намерна провокација“.
Руското Министерство за одбрана ги коментираше извештаите за наводните руски ракети кои ја погодиле полска територија, велејќи дека тоа е „намерна провокација“, јавува Би-Би-Си.
Како што е објавено на социјалните мрежи, две залутани ракети паднале во градот Пржеводов во Полска на границата со Украина, пишува wiadomosci.radiozet.pl.
Удриле во сушарите за жито. Две лица загинаа, а на терен се полицијата, обвинителството и војската.