Русија стави вето на резолуцијата на ОН со која се осудуваат нејзините „незаконски“ референдуми во четири украински региони, објави Асошиетед прес.
Гласањето на резолуцијата во 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше 10-1, а Кина, Индија, Бразил и Габон беа воздржани.
Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд пред гласањето рече дека во случај на руско вето, САД и Албанија, кои ја подготвија резолуцијата, ќе ја донесат на Генералното собрание на ОН со 193 члена, каде што нема право на вето, „и така ќе покаже дека светот сè уште е на страната на суверенитетот и заштитата на територијалниот интегритет“.
Гласањето во Советот за безбедност на ОН дојде неколку часа по раскошната церемонија во Кремљ на која рускиот претседател Владимир Путин објави дека окупираните од Русија украинските региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје сега се дел од Русија и дека ќе бидат заштитени од Москва.