Амбасадата на Русија во Република Македонија, ќе покрене интерна постапка за непримерно однесување, откако на социјалните мрежи се појави нивно возило кое е непрописно паркирано на тротоар кое што ги блокира велосипедистите и пешаците.
„За жалење и срамење е сликава. Наше е возилото. Покренуваме интерна постапка за ова непримерно однесување“, се вели во објавата на „Твитер“ на руската Амбасада.
Можеби возачот на возилото минал без казна од полицијата, но сигурно дека нема да мине исто и од своите претпоставени.
