Руската армија тврди дека ја освоила рафинеријата за нафта Лисичанск

Руската армија објави успеси на своите сили во битките за источниот украински град Лисичанск, јави ДПА.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Москва, Игор Конашенков, рече дека рафинеријата за нафта Лисичанск – која стана епицентар на борбите во градот во последните денови – сега е под контрола на руските војници и проруските сепаратисти.

Се вчитува...

Сепак, Украина извести дека од утринава се уште се водат борби околу рафинеријата.

Конашенков рече дека украинските војници трпат големи загуби во и околу градот. Според него, дневно се убиваат околу 200 војници и „се забележува неорганизирано повлекување од Лисичанск на одделни единици на украинските сили“.

Изјавите не можат да се потврдат.

Лисичанск е последниот голем град во регионот Луганск каде што украинските трупи сè уште се држат. Заземањето на областа е една од главните цели на Москва во војната, која трае повеќе од четири месеци.