Свет

Руски воени авиони извршија четири напади во близина на болницата во Алепо: Има жртви

Во руските воздушни напади загинаа пет лица во близина на Универзитетската болница во Алепо, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), која го следи бројот на загинати во таа земја.

Руски воени авиони извршиле четири напади врз болницата, според SOHR, пишува Би-Би-Си.

Повредени се „голем број луѓе“, велат од организацијата.

Сирија вети дека ќе возврати откако бунтовниците ја презедоа контролата врз вториот по големина град во земјата, со воздушни напади извршени од сириските и руските воздушни сили.

На 27 ноември избувнаа борби меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимските вооружени групи во западниот дел на Алепо во северна Сирија. Антирежимските вооружени групи, кои забрзано напредуваа од западната област на Алепо кон центарот, го зазедоа најголемиот дел од центарот на градот во саботата.

Вооружените групи го зазедоа квартот Кан Шејхун на 30 ноември и ја презедоа контролата врз целиот Идлиб.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни