САД и даваат поголема поддршка на Украина отколку ЕУ, соопшти германски институт

Соединетите држави мобилизираа околу три пати поголема поддршка за Украина отколку Европската унија, покажуваат податоците на германскиот институт за светска економија во Кил, пренесе Асошиетед прес.

Институтот денеска соопшти дека со новиот пакет помош усвоен од Претставничкиот дом на САД, американската воена, финансиска и хуманитарна поддршка за Украина достигна речиси 43 милијарди евра (над 45 милијарди долари) меѓу 24 јануари и 10 мај.

Се вчитува...

Според институтот, помошта на ЕУ изнесува нешто помалку од 16 милијарди евра (16,8 милијарди американски долари) во истиот период. Сепак, некои земји од ЕУ не го открија износот на нивната помош за Украина, особено за испораките на оружје.

Естонија, Летонија и Полска дадоа најголема поддршка во однос на нивниот бруто домашен производ, пред САД, според пресметките на Институтот.