Свет

САД и дозволија на Украина да пука во Русија со беспилотни летала

САД и дозволија на Украина да пука во Русија со беспилотни летала

Тајмс предвидува дека Вашингтон најверојатно ќе го снабдува Киев со оружје со поголем дострел.

Конфликтот меѓу Украина и Русија влезе во нова фаза откако САД дадоа зелено светло за вклучување на пукањето со беспилотни летала од Киев. Пентагон веќе и дал премолчена дозвола на Украина да изврши напади со беспилотни летала внатре во Русија, тврди БТА, повикувајќи се на лондонски Тајмс.

Изданието посочи дека Вашингтон ја ревидирал својата проценка за ризиците од Украина, откако Русите започнале со секојдневни ракетни напади врз цивили во октомври. Имаше и ново мислење за тоа дали испораката на оружје за Киев може да доведе до воена конфронтација меѓу Русија и НАТО.

Тајмс предвидува дека Вашингтон најверојатно ќе го снабдува Киев со оружје со поголем дострел. Изданието цитираше извор од одбраната на САД кој вели: „Ние сè уште ги применуваме истите проценки за ескалација, но заканата од ескалација се промени во споредба со почетокот“. Според изворот, „сега е поинаку“.

Според украинската новинска агенција UNIAN, изворот од Пентагон рекол дека САД само инсистираат на украинската војска да го користи американското оружје што им е доставено со „запазување на меѓународните закони за војна и Женевските конвенции“. Информаторот објасни дека руските семејства не треба да бидат цел или да се прават обиди за ликвидација на конкретни лица на руска територија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни