Свет

САД извршија успешен тест на хиперсонично оружје

САД извршија успешен тест на хиперсонично оружје

Воздухопловните сили на САД објавија дека извршиле успешен тест на хиперсонично оружје, кое лета петпати побрзо од брзината на звукот.

Тестот е извршен во саботата, во близина на брегот во близина на Јужна Калифорнија, кога бомбардер Б-52 истрелал „Оружје за брз одговор“ (ARRW).

– По одвојувањето од авионот оружјето за брз одговор се покрена и траеше онолку долго колку што очекувавме, достигнувајќи хиперсонични брзини петпати поголеми од брзината на звукот, се наведува во соопштението на американската војска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни