Околу 100 земји веројатно ќе добијат реципрочни тарифи од 10 проценти од Соединетите Американски Држави, изјави денес американскиот министер за финансии Скот Бесант.
Тој ги даде овие забелешки пред рокот од 9 јули што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување трговски договори со голем број земји низ целиот свет, објави Ројтерс.
Бесант претходно изјави дека сите тие земји би можеле да се соочат со значително повисоки тарифи, дури и ако преговараат во добра намера, додавајќи дека секое потенцијално продолжување на преговорите за тарифите ќе зависи од американскиот претседател.
Министерот за финансии во тоа време изјави за Блумберг дека очекува „наплив“ на трговски договори пред 9 јули, рокот по кој американските тарифи од 10 проценти за стоки од многу земји ќе се вратат на објавените стапки од 11 до 50 проценти од Трамп, објави Ројтерс.
„Имаме земји што преговараат во добра намера, но тие треба да бидат свесни дека ако не можеме да ја преминеме границата затоа што не се придржуваат, тогаш би можеле да се вратиме на нивоата (на тарифите) од 2 април. Се надевам дека тоа нема да мора да се случи“, рече Бесент.