Само 38 приговори за сообраќајни прекршоци од системот „Safe City“ во април

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека во месец април 2026 година е забележан намален број на поднесени приговори поврзани со системот „Safe City“, односно со издадените прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци.

Како што се наведува во соопштението, во последниот месец значително се намалил бројот на граѓани и правни лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд. Воедно, судот посочува дека во овој период се завршуваат и постапките по претходно поднесените приговори.

Се вчитува...

Во текот на април 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 38 приговори за поведување прекршочна постапка. Од нив, 6 се поднесени од правни лица, додека 32 приговори се од физички лица.

Од судот додаваат дека постапувањето по овие предмети продолжува согласно законските рокови.