Томислав Сабљо, загрепчанецот обвинет за низа криминални дејствија и кој минатиот месец беше убиен во ноќниот клуб Риц, сече пршута на масата.
Тој нуди храна и на полицаец кој пишува белешки на иста маса откако тие дошле да му го претресат домот.
Еден полицаец си помогна, а се беше проследено со насмевки. Сето ова е дел од снимката од 2021 година која деновиве протече во јавноста.
На видеото може да се види како полицаец разговара со тогашниот осомничен Сабља на маса полна со храна.
– Пробајте го сирењето, за да не речете дека не сте го пробале. Само кркај, Роки – му вели Сабљо на полицаецот, по што зема парче сирење.
– Ти уште подобро помина, пишуваш… Пробај и чварки – му додаде на полицаецот кој пишуваше на хартија на масата.
Како што дознаваме од полициската управа во Загреб, тие се запознаени со снимката и потврдиле дека снимката е направена во декември 2021 година.
– Можеме да потврдиме дека полициската управа во Загреб поседува видео на кое се гледа цивил и полицаец на оваа полициска управа. На снимката се гледа дека цивил јаде храна на масата, а до неа е полицаец кој прави белешки. Во еден момент цивил му нуди храна на полицаец, што тој прифаќа – ни одговорија од загрепската полиција и додадоа дека „итно побарале да се утврдат сите факти и околности под кои е направена снимката, како и да се утврди за статусот на лицата од видеото“.