Македонија

СДСМ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал Договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров денеска на прес конференција обвини дека во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели. „Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема свој ниту еден проект досега реализиран. Но затоа има еден куп склучени договори за вработувања, меѓу кои и  голем број со авторски договори“, вели Шутаров. Тој додава дека преку „договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи“. „Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година“, вели Шутаров.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни