Македонија

СДСМ и ДУИ гласаа против иницијативата на СДСМ, нема да има автентично толкување на член 11

Законодавно правната комисија го одби барањето на Владата за толкување на член 11 од законот за амнестија, со кој екс претседателот Ѓорге Иванов амнестираше над 50 поранешни функционери. Претседателката на комисијата, Соња Мираковска оцени дека тогашната одлука на Иванов била незаконска,бидејќи, како што рече, се базира на член кој не постои и затоа не е реализирани автентично читање.

Но седницата на Комисијата се претвори во расправија меѓу албанските пратеници од власта и опозицијата за тоа кој кому треба да направи ветинг.

„Ме радува фактот што во последно време и другите партии почнаа да се будат и поддржуваат да има ветинг во државниот систем. Ме радува фактот што со последните изјави и на власта и на опозицијата, тие се согласуваат дека навистина постоеше и постои селективна правда во нашата земја, додека се прави ветинг на сите избраници почнувајќи од судскиот систем, обвинителството и сите други избраници“, рече Ејуп Алими.

На тоа реагираше Фадиљ Зендели од БЕСА кој рече дека Владата треба да го започне ветингот од себе.

„Што можеме да разговараме за правниот систем и во текот на оваа владеење? Знаеме како заврши СЈО, многу постапки за јавните функционери, како Рекет и застарување на постапките и многу други ситуации, а сега вашиот колега зборува за ветинг. Дали може да зборува за ветинг владеењето од ваквата природа, дали има политички капацитет, функционален кредибилитет. Таквото владеење сака да направи ветинг! Кон кого? Ветингот треба да го почнат од себе“, изјави Зендели.

Реагираше Сурија Рашиди од АА кој рече дека ДУИ има проблем, а тоа е дека секогаш невиноста на функционерите ја бара на собраниската говорница а не во суд.

„Секако дека ние не сме ниту обвинители, ниту судии, за да обвиниме некого или да прејудицираме вина. Но овде има еден проблем! Вие секогаш невиноста на вашите функционери ја барате од говорницата на Собранието, во телевизиските дебати и прес центрите на партиите. А местото каде се докажува невиноста или вината се судовите, судови за кои ние велиме дека се скапани и на кои им се потребни реформи.“, вели Рашиди.

Дебатата во комисијата следеше откако Уставен суд ја почна постапката за разгледување на член 11 од законот за амнестија, со кој екс претседателот Ѓорге Иванов ја повлече од амнестијата од 2016. Денеска судот не донесе одлука за проценка на уставноста на повлекувањето на одлуката за амнестија од страна на Иванов, што се виде како можност за ставање во сила амнестиите од 2016. Меѓу амнестираните од Иванов беа Сашо Мијалков, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски, Ирена Мишева и Љупчо Тодоровски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни