Поврзи се

Македонија

СДСМ и ДУИ „за“ избори на 5 јули – ВМРО-ДПМНЕ го нарекува „лудост“

Published

on

И покрај тоа што овие три дена бројот на заразени со Ковид-19 е зголемен, претседателот на СДСМ, Зоран Заев продолжува со идејата да има што побрзо избори. Со оглед на тоа што вонредната состојбата се продолжи во саботата за уште две недели, сега најблискиот рок за избори е 5 јули, односно 22 дена по завршување.

-Текстот продолжува по рекламата-

Заев кој веќе е во предизборна коалиција со Движење Беса, рече дека изборите на 5 јули можат да се одржат со посебни протоколи за заштита на здравјето на гласачите. Исто така рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имале постојана комуникација, и иако биле многу блиску за компромис околу датумот, сепак на крајот не успеале да се договорат. Од партијата на Христијан Мицкоски ја нарекоа лудост желбата за избори во време на пандемија. Нивниот став е избори да има во август или почетокот на септември.

ДУИ се базира на две начела кога станува збор за датумот. Портпаролот на интегративците вели дека за нив здравјето е приоритет, а консензусот неопходен.

„Ако зборуваме за датуми, да, ставот е дека 5 јули е последен датум ако се одржат избори летово, но мислам дека овие две недели треба да се фокусираме на здравствената состојба, да ги следиме епидемиолошките трендови“, истакна Бујар Османи, Портпарол на ДУИ.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи исто така е на мислење дека избори треба да има 22 дена по завршување на вонредната состојба.

„Искрено мислам дека треба да имаме избори, да се излезе од оваа ситуација. Особено нам Албанците многу ни  се потребни избори бидејќи треба да ја отстраниме ДУИ од институциите“, вели Мендух Тачи, Лидер на ДПА.

Коалицијата АА – Алтернатива како датум за избори го предложија 26 јули, а пред неколку дена за ТВ21 лидерот на Алтернатива, Африм Гаши потврди дека коалицијата е подготвена да попушти со цел да се постигне потребниот консензус.

.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Заев: Му понудив заедничка Влада на Мицкоски

Македонија

Заразен оџа, затворени 8 џамии во градот – болницата во Кичево тешко се справува со ковид-19

4NEWS.mk

На Јутјуб објавена нова „бомба“ за Зоран Заев

4NEWS.mk

Ахмети: Го сакаме нашиот дел за кој сме пролеале крв

4NEWS.mk

Чулев: Имаме информации дека криминални структури ќе вршат притисок и поткуп на гласачи

Македонија

Шеќеринска: Гласав за Талат Џафери да биде претседател на Собрание по цена да го изгубиме животот

Македонија

ДИК го усвои протокол за гласање, ако не носите маска и ракавици нема да може да гласате

4NEWS.mk

Вратени Македонци кои се обиделе да влезат во Грција преку Бугарија

Македонија

Се појави нова бомба во која наводно се слуша гласот на Мицкоски: Се борам ова СЈО да не помине…

Македонија

ВИДЕО: Обилни врнежи во Битола, градот изгледа како Венеција

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија