Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите откри дека се размислува за промена на името на партијата.
Ова следува по потпишувањето на Преспанскиот договор, а во сегашното име на партијата „смета“ делот Македонија во Социјал демократски сојуз.
„На следните конгреси, тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден конгрес, онлајн… Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Дури дадовме и информација во делот на новото име – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи“, вели Заев.