СДСМ: Мицкоски вечерва потврди дека е антимакедонски и антизападен пионир на Груевски

По говорот на Христијан Мицкоски вечерва по повод празникот 23. октомври, со реакциј се јавија и од СДСМ. Во соопштението кое го испратија се вели:

„Христијан Мицкоски вечерва го потврди она што граѓаните веќе многу добро го знаат: дека е тој не е ништо друго освен антимакедонски и антизападен пион во рацете на Никола Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски не пропушта прилика да им докаже на сите граѓани дека е против ЕУ и НАТО и дека по секоја цена работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата.

Добро за Македонија е фактот што анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски се поразени граѓаните, од мнозинството пратеници во Собранието па дури и од сопствената партија.

Потонати во изолација и во сопствениот мрак што го промовираат, Мицкоски и Груевски покажуваат голема нервоза соочени со поразот што им се случува“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното