Македонија

СДСМ прашува каде добиле 300 илјади евра – ВМРО-ДПМНЕ: Цената на протестот помала од еден ден крадење во Владата

СДСМ прашува каде добиле 300 илјади евра – ВМРО-ДПМНЕ: Цената на протестот помала од еден ден крадење во Владата
СДСМ синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ го нарече неуспешен и ја пренесува пораката дека народот е против блокадите. Портпаролката на социјалдемократите направи проценка за трошоците за организацијата, кои според неа, иако имало 15 илјади луѓе, биле планирани за 20 илјади, што чини околу 300 илјади евра, во време кога партијата има блокирана сметка и замрзнат имот. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека трошоците за синоќешниот протест се многу помали од еден ден кражба на оваа власт.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни