4NEWS.mk

СДСМ се вклучи во акцијата за чистење на Скопје, посветени на зачувување на здрава животна средина

Општинските организации на СДСМ на територија на Град Скопје, се приклучија на масовната акција за чистење на Скопје што се одвива во изминативе два дена.

Во сите општини во Скопје на повеќе локации, тимови на ОО СДСМ активно учествуваа во еко акцијата во која се чистеа диви депонии, кејот на реката Вардар, се метеа и миеја сите градски и општински улици, се собираше кабаст отпад, се кастреа дрвја и грмушки.

Покрај масовна еко акција, од страна на институциите беше засилен и инспекцискиот надзор со цел превенција и санкционирање на недозволено фрлање смет на јавни површини.

Како одговорна партија остануваме посветени на одржување на јавната чистота и обезбедување чиста и здрава животна средина.

Во меѓувреме, институциите продолжуваат со реализација на мерките што имаат за цел надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни