СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја блокираат иднина, нема да ја вратат земјава во темното минато на изолација

СДСМ со соопштение враќа на прес-конференцијата на Наум Стоилковски кој денеска побара оставка од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Нема поголемо урнисување на угледот на државата од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога Македонија беше заробена држава во длабока изолација, затворена и скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски свесно го закочи интегративниот процес, Македонија стана изолирана држава од која побегнаа стотици илјади граѓани, пред се млади.

Денес, кога успесите на Македонија се меѓународно признаени, кога Македонија е пред полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски свесно работи на поткопување на интегративниот процес.

Анти НАТО и анти ЕУ Мицкоски, преку неосновани интерпелации, преку протести за одбрана на криминалот се обидуваат да го закочат реформскиот процес, да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО.

Граѓаните се определија за економски напредок, за иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината, нема да го закочат членството во ЕУ и НАТО.

По години изолација, поделби, криминал и стагнација, денес, Македонија е  демократска држава пријател на демократскиот свет.

Македонија и нејзините граѓани одат напред кон ЕУ и НАТО и враќање назад нема“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното