ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно однесување во Парламентот и ги кочи реформските закони. Ова е коментарот на портпарол и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов кој објави дека опозициската партија поднела 970 амандмани на Законот за судии и обвинители, над 400 амандмани на законот за јавнообвинителска дејност и илјадници на измените на изборниот законик. Повика амандманите да бидат повлечени, а истата порака ја испрати и до коалициската ДУИ за амандманите на изборниот законик.
Катерина Нешкова