Македонија

Се бира наследник на Рускоска – кој има право на глас и како се одвива гласањето?!

Се бира наследник на Рускоска – кој има право на глас и како се одвива гласањето?!

Денеска се избира нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

За прв пат изборот се спроведува според новиот закон за јавни обвинители, што значи дека главниот обвинител се бира според гласовите од колегите обвинители.

Право на глас имаат 163 обвинители, додека пак во најголемата изборна единица 3 (скопско Вишо обвинителство) имаат вкупно 91 обвинители.

До 9 часот биле излезени околу 20 обвинители, а според претседателот на ИК 3 од Вишото обвинителство, Иван Цветановски процесот се одвива одлично и истиот трае до 16 часот кога и се затвораат кутиите.

Во трката за шеф на ова обвинителство се четворица кандидати, Вилма Рускоска која се кандидира за втор мандат, додека Ислам Абази, Едмонд Незири и Деса Пауновска се кандидираат прв пат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни