4NEWS.mk

Се гради живеалиште за фламинга и пингвини во скопската зоолошка

Во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ почна изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини.

Како што соопшти скопската зоолошка, ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.

Финансиите за изградбата на живеалиштето ги обезбеди Град Скопје. Зоо Скопје за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди, се наведува во соопштението.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни