Поврзи се

4NEWS.mk

Се избираат најдобри млади вина произведени во домашни услови

Published

on

Здружението на македонски винари организира избор на најдобри млади вина произведени во домашни услови, а оценувањето ќе го вршат стручни лица енолози. Од денеска па натаму, сите заинтересирани домашни производители на вино, можат да достават мостри од своето производство и да учествуваат во натпреварот што се реализира во соработка со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Настанот е во чест на манифестацијата „Beaujolais Nouveau“ која во светот се празнува од 1937 година и започнува во 00:01 часот секој трет четврток во месец ноември, појасни претседателката Милица Плетварска-Глигорова.

Во изјава за МИА, потпретседателката Елена Богева нагласи дека преку следење на нивните препораки како енолози, од година во година се зголемува квалитетот на вината произведени во домашни услови.

– Токму тоа ни е и целта, како винска земја да имаме што е можно поголем квалитет на винското производство и повеќе мали семејни вински бизниси. Поголемата конкуренција значи и подобар производ, што пак е услов за поголем развој на винарството и винскиот туризам, додаде Богева.

Главниот настан е на 21 ноември во ресторанот „Сино“, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите вина. Сите учесници имаат можност за презентација, а ќе можат и да се дегустираат сите пријавени мостри.

Истовремено најавена е и промоција на книгата „Каде што реката го бакнуваше небото“ од Билјана Тинтоска, за првиот дипломиран македонски енолог во Полска.

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Замина тивко во ноќта без глас- јавноста вечно ќе го памети омилениот актер од македонските народни приказни и филмови

Македонија

ВИДЕО: Чомовски во „Click Plus“ прв пат зборува за „Рекет“

4NEWS.mk

Ќе заврши како Атлантида: Ова се причините поради кои Венеција се повеќе тоне

4NEWS.mk

Кавадарци ја доби првата паметна клупа во градот

4NEWS.mk

Бела смрт ја демне Унгарија: Издадено посебно предупредување за туристите во оваа земја

4NEWS.mk

Како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е милионер

4NEWS.mk

Македонски камион се преврте на автопатот Ниш – Белград

Македонија

Таткото на 19-годишниот Незир бара помош за синот – бара болница за лекување надвор од државата

4NEWS.mk

Бебето им умрело од глад зошто родителите вегани го хранеле само со овошје и зеленчук, полицијата затекна кај нив уште изгладнети деца

Македонија

Му откажа левиот бубрег на Боки 13

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com