Хасан, 11-годишно момче кое сам патувало речиси 1.000 километри од југоисточна Украина до границата со Словачка, сега е безбедно. Тој е во Братислава со своите браќа и сестри.
Момчето се појави во живо во емисијата Добро утро Британија и изјави дека е неизмерно среќен што е со семејството. Тој додаде дека не размислува за иднината. Се јавила и неговата постара сестра.
„Хасан вели дека најважно му е да биде таму каде што е неговото семејство. Му се допаѓа овој град затоа што е безбеден“, рече таа.
Мајката на момчето, Јулија Писека, престојувала во Украина, каде што се грижи за својата постара и неподвижна мајка. Момчето пред неколку дена се упатило кон границата.
Побегнал само со торба и со број на мобилен испишан на раката. Носеше и пасош.
“Волонтерите се грижеа за него, го згреаа, му дадоа да јаде и пие. Го подготвија и за патувањето. Ги освои сите со својата насмевка! Бестрашен е и решителен, вистински херој”, тие напишаа на нивната Фејсбук страница Словачката полиција.
Од полицијата потврдија и дека благодарение на бројот на раката и пасошот на момчето успеале да стапат во контакт со неговите роднини, кои подоцна дошле да го земат и се грижеле за него.
