Свет

Се насука брод полн со оружје, еве каде требало да пристигне

Се насука брод полн со оружје, еве каде требало да пристигне

Норвешкото Министерство за одбрана испраќа големо количество оружје како дел од ротацијата на земјите членки на НАТО.

Помош за Украина

Товарен брод натоварен со норвешко оружје се насука кај југозападниот брег на Норвешка додека пловел кон полската логистичка платформа која доставувала воена помош за Украина.

Цивилниот брод Finlandia Seaways носеше дел од оружјето што Осло се согласи да го испрати во понеделникот за да ја заштити логистичката платформа, соопштија властите, како што јави NDTV.

„Бродот удри во дното во плиткото и претрпе оштетување на кормилото и пропелерот. Мораше да се одвлече до пристаништето“, изјавил за АФП портпаролот на спасувачкиот центар Сола, Томас Брејвол, пренесува Дневник.хр.

„Немаше ништо драматично во тоа“, додаде тој.

Норвешкото Министерство за одбрана испраќа ловци Ф-35, ракети земја-воздух НАСАМС и околу 100 војници за заштита на центарот на Жешов во Полска, како дел од ротацијата на земјите-членки на НАТО.

Голем дел од западната воена помош за Украина, која се брани од руската инвазија од 2022 година, поминува низ логистички центар во југоисточна Полска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни