Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град. Мак. температура ќе биде во интервал од 27°C до 34°C.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град. T=33°C. P=977hPa. U=45%. V=4m/s.
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.