Синот на популарната српска пејачка Светлана Цеца Ражнатович, Вељко и неговата вереница Богдана Родиќ се заколнаа на вечна љубов во храмот Свети Сава на Врачар.
Мајката на Вељко Цеца го избра свечениот костум за оваа прилика и цело време беше со насмевка на лицето. Свештеникот кој ги венчаше младенците се пошегува во црквата пред гостите и роднините:
„Е мој Вњељко, имаш жена Богдана, а кум Христ“ Тоа е знак од Бога дека ги имаш сите услови да живееш како крал“, рече духовникот.
„Сега и официјално стана снаа“, додаде Цеца.
Цеца стоеше на страна додека Вељко и Богдана се венчаваа.
На венчавката која предизвика голем интерес кај српските медиуми и јавноста, се поканети околу 250 гости.
Фустанот кој на венчавката го носеше снаата на Цеца е истиот оној во кој пејачката се омажи за Аркан.
Помеѓу овие две свадби, пред 15 години истиот фустан на својата свадбена церемонија го облече и сестрата на Цеца, Лидија Оцоколиќ.