Македонија

Мицкоски со прв коментар за „војната“ со Данела Арсовска – „Не сакам дуел со неа“

Мицкоски со прв коментар за „војната“ со Данела Арсовска – „Не сакам дуел со неа“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се појави во студиото на ТВ21 и за прв пат ги коментираше денешните обвинувања од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Верував дека вонпартиски човек може да биде плус во тоа време. Ценевме дека може да биде додадена вредност, ни беше понудена концептот за модерно Скопје, и денеска тоа ќе го поддржам. Војна е претежок збор, сите проекти кои се поврзани за модерно Скопје ќе го поддржиме. Ќе ја потсетиме за тие што ги заборавила, а сето тоа што е спротивно од интересите, ќе бидеме жестоки критичари. Непријатно е да дадам одговор зошто таа реторика, зошто така ме нападна. Можеби вие ќе ја викнете во студиото и ќе ја прашате. За да имате вие подобра емисија, само ви нудам опција да повикате некој од советниците во Град Скопје или веќе поранешните директори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Не можам јас да дадам одговор што значеше тоа шпицен градоначалник.  Претврдо е да се каже дека е објавена војна. Таа ја има својата програма за Скопје, концепт зад кои ние застанавме. И денеска да ја имам таа програма на маса, и денеска ќе ја поддржам.
Непријатно е да давам одговор зошто така ме нападна. Таа ќе ви даде одговор.

На ова новинарот му рече дека тие се обиделе да стапат во контакт со Арсовска за и таа да се вклучи во емисијата, но не можеле да стигнат до неа. Му предложи на Мицкоски дека се отворени да реализираат дебата помеѓу него и Арсовска.
На ова Мицкоски одговори:

-Можеби за таква дебата посоодветен би бил некој од советниците или претседавачот на Советот. Не дека јас одбивам дуел, туку за да имате подобра емисија. Јас сепак детално не сум запознаен со проектите во Градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни