Македонија

Се покаја што го срушил ѕидот, ветува дека ќе го направи за неколку дена

Сопственикот на приватната компанија за миење автомобили и теписи, се покаја што го сруши ѕидот на училиштето „7 Март“, во Серава, општина Чаир. Тој рече дека наскоро ќе ангажира работници за повторно да го изградат. 

„Јас само сакав да не им пречам на училиштето и децата. Тука немаше ништо, јас не сакав да го присвојам влезот или земјиштето. Јас со оваа работа го издржувам семејството. Немам за цел да направам милиони и да си одам. Сега луѓето прашуваат зошто сум го направил тоа. Јас тоа го направив за да не им пречам на децата, јас тоа не го направив на своја глава, се договорив со некого.“, вели сопственикот на компанијата.

Директорот на училиштето, Халил Палоши, денеска беше недостапен за ТВ21, но пред една недела рече дека лицето го срушило ѕидот без дозвола од училиштето и општината.

„Се користи дел што не е ништо ново бидејќи училиштето има објекти под кирија. Тој згрешил што го срушил ѕидот без дозвола од училиштето и општината. Имавме жалби и од родителите и во општина но и од амбасадите. Општината се договори со лицето да го направи ѕидот како што беше.“, рече Палоши.

Инаку, општина Чаир во врска со ова ја информирала полицијата, која ја утврдила фактичката состојба. Општина Чаир и дала рок на приватната компанија да го изгради ѕидот како што бил претходно.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни