Поврзи се

4NEWS.mk

Се роди бебе со два пола- тежи само 995 грама

Бебе со два пола се роди на Гинеколошко- акушерското оделение во болница во Приштина. Новороденчето е предвремено родено и тежи само 995 грама.

Бебето после раѓањето е префрлено на Оделението за неонатологија, каде е подложено на неопходни лекарски прегледи.

Директорот на Неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случаи на двополни бебења се лекуваат на таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски пореметувања.

Според неговите кажувања, станува збор за случаи кои во медицината се третираат како синдром на хиперплазија на надбубрежната жлезда.

-Бебето се роди прерано. Примено е на интензивна нега на Клиниката на неонатологија. Се лекува како синдром на вродена хиперплазија на надбубрежната жлезда. Во тек се анализи и консултации со разни специјалисти на клиниката. Овој случај е втор оваа година кој има симптоми на промена на гениталиите, што веројатно е последица на хормонски промени кои овој бубрег ги предизвикува, изјави Гојновци, пренесува приштинскиот портал „Газета експрес“.

Доколку оваа дијагноза се потврди таа е излечива, тврди докторот.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com