Невремето кое вчера околу 18:30 часот го зафати Радовиш и селата Раклиш, Ораовица и Подареш предизвика штети на патната инфраструтура, земјоделските посеви и домови на граѓани.
Од наносите и пороите, кои се акумулираат од течението на атмосферските води, се поплавени пристапни патишта и локални улици, а од силниот ветер се искршени дрвја и гранки во градот.
Денес екипи на јавното претпријатие и стручните служби на локалната самоуправа вршат проценка на настанатите штети и санација на дел од штетите предизвикани од пројните дождови и силниот ветар.
Од општина Радовиш информираат дека е ангажирана комплетната механизација за расчистување на наносите од земја и отстранување на паднатите дрвја и гранки.

