4NEWS.mk

Се спремате за одмор? – Еве како брзо да се спакувате

Одите на летен одмор, а не знаете како целата облека да ја спакувате?

Американската дизајнерка Лиза Адамс има неколку ефикасни совети за брзо и практично пакување.

  • Извадете ја сета облека!

Пакувајте се во просторија каде што ќе можете насекаде да ја наредите целата ваша облека за на одмор. Потребна ви е поголемата прегледност, и појасна замисла на секоја можна модна комбинација.

  • Наместо да ги редите – смотајте ги алиштата

Наместо редење на алиштата како што тоа го правиме во плакарот, подобро е да ги смотате во цилиндар. Така се добива многу повеќе искористен простор.

  • Козметика

Чантичката со козметика спакувајте ја пред патувањето, па така ќе имате можност да проверите дали нешто од шминките, четката за заби, пастата или кремите за нега ви недостасува.

  • Миризлива хартија

За куферот да ви мириса секогаш свежо, ставете парче украсна миризлива хартија или ќесичка лаванда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни