4NEWS.mk

Се сруши покривот на стадионот на АЗ Алкмар

На стадионот на холандскиот фудбалски прволигаш АЗ Алкмар се сруши дел од покривот. Соодветната фотографија од стадионот ја сподели на Твитер новинарот Брајан Вијкер.

Паднатиот дел од покривот уништи дел од трибините. За среќа немаше гледачи на трибината.

Следната домашна средба на неговиот стадион АЗ треба да ја има во рамките на вториот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на Европа на 15 август со Марјупол. Првиот натпревар во Одеса заврши со резултат 0:0. зс

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни