Свет

Се урна хеликоптер со туристи кај Монт Еверест, има загинати

Се урна хеликоптер со туристи кај Монт Еверест, има загинати

Најмалку пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Монт Еверест во Непал .

Најмалку уште едно лице е исчезнато.

Според првите информации, во хеликоптерот биле сите странски туристи.

Според извештаите, авионот се враќал во главниот град Катманду во вторникот наутро, откако туристите го посетиле највисокиот врв во светот.

Според првичните информации туристите кои загинале биле мексикански државјани, додека пилотот бил од Непал.

Пилотот наводно морал да ја смени рутата на летот поради лошите временски услови.

Често се случува летовите да доцнат или да се сменат рутите поради сезоната на монсуните и обилните врнежи.

Фото: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни