4NEWS.mk

Се урна хеликоптер во Грција

Хеликоптер, најверојатно приватен, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос.

Се уште не е познато колку лица се превезувале во хеликоптерот, а во тек е акција на крајбрежната служба на Грција.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во кабли и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни