Во уривање на мост по обилните дождови во северна Кина загинаа 11 лица, а повеќе од 30 се водат како исчезнати, јавија кинеските државни медиуми.
Спасувачите се на терен. Големи делови од северна и централна Кина се погодени од обилни врнежи од вторникот, кои предизвикаа поплави и големи материјални штети.