4NEWS.mk

Се урна зграда во Камбоџа, три лица загинаа, а 30 се уште се под урнатините

Најмалку три лица загинаа, а 10 беа повредени откако зградата се урна на југот на Камбоџа.

Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.

Според медиумите, најголем дел од жртвите се ѕидари, кои се нашле на лице место, а бројот на мртви  се уште не е утврден.

Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни