Се уште не се знае кога ќе продолжат преговорите за дополнително зголемување на платата на просветарите. Иако СОНК и МОН требаше до денеска да договорат кога ќе седнат повторно на маса, министерот Адеми не одговори кога тоа ќе се случи.
– Ние сме во редовна комуникација со нашиот најголем партнер, Синдикатот за образование и наука. Тие преговори ќе продолжат, истакна Адеми, повторувајќи дека Владата има волја за дополнително зголемување.
И од Синдикатот информираат дека засега не биле контактирани од страна на Министерството.
Даниел Василев