4NEWS.mk

Се запали подрум во Кавадарци, пожарникарите спречиле да изгори куќа

Се запали подрум од куќа попладнево на улицата „Наца Пинџурова” во Кавадарци. Според очевидци, пожарникарите спречиле да изгори куќата.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека причина за пожарот во подрумот најверојатно е неисправен фрижидер кој се запалил.

Пожарникарите на лице место интервенирале со две возила и четворица пожарникари.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни