Се запали училишен автобус кај Загреб: Филипинскиот возач брзо реагирал и ги спасил децата

Училишен автобус кој превезувал деца се запалил вчера во загребско, а само благодарение на брзата реакција на возачот нема повредени.

Се се случило во петокот околу 14 часот и 35 минути, на улицата Ивана Шабана во Шиљаковина. На воланот на автобусот бил 49-годишен филипински државјанин, вработен во трговска компанија која врши транспортни услуги, а во возилото имало уште четири деца.

Во текот на возењето во еден момент забележал како излегува чад од моторот, па го запрел автобусот, а откако децата излегле од автобусот, возачот сам го изгаснал пожарот со противпожарен апарат.

Во инцидентот ниту едно од децата не е повредено, јавува загрепската полиција, а пренесува Вечерњи лист