4NEWS.mk

Седуммина повредени во бомбашки напад на Филипини

Најмалку седум лица се повредени денеска откако експлодираше бомба на пазар во градот Исулан на југот на Филипини, што е четврт бомбашки напад во тој регион во изминатите 13 месеци, соопшти филипинската армија.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а властите се сомневаат во милитантна група поврзана со Исламска држава активна во тој главно христијански град.

На видео-снимките се гледа дека експлозијата се случила на паркинг за моторцикли, а импровизираната експлозивна направа е поставена помеѓу две паркирани возила, соопштија официјалните лица.
 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни