Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зиадин Села вечерва на ТВ21 проговори за амнестијата на екс премиерот Никола Груевски по измените во Кривичниот законик.
Според него, тој и неговата партија би биле заинтересирани за овие измени, доколку се намалуваат казните и за други осуденици, како што се случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“.
„Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа“, рече Села.