Македонија

Селмани за повредените лица во Бугарија: Докторите ни кажуваат дека се добро, но не можеме да ги видиме

Али Селмани, кој дошол во болницата во Бугарија поради неговиот роднина кој е еден од повредените во страшната несреќа, денеска во изјава за медиумите истакна дека не им е дозволено да ги посетат.

„Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.

Тој додава дека 7 роднини имал во автобусот, 3 од нив загинале, додека 4 лица се повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни