Тетовецот Љ.Б.(59) вчера на ул.„Црнотравска“ бил уапсен од полициски сужбеници од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Се вчитува...
Неговата сопруга и нивниот син, и двајцата од Тетово, го пријавиле за семејно насилство. Според пријавеното, тој околу 15.15 часот дошол во семејниот дом во алкохолизирана состојба и физички ја нападнал сопругата, по што синот, во обид да го спречи својот татко, бил нападнат од Љ.Б. со секира.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
