Инцидент бил пријавен во полицијата по расправија околу прошетка со чамец во Долна Матка, каде семејство од гостиварско тврди дека било физички нападнато од три лица.
Случајот го пријавила 47-годишната В.С. од селото Неготино, гостиварско. Според нејзината пријава, таа заедно со сопругот и нивната ќерка биле нападнати по претходна расправија со вработен во комплексот.
Инцидентот, според пријавеното, се случил на 23 август околу 10:30 часот во Долна Матка. Расправијата настанала во врска со прошетка со чамец, по што, како што тврди семејството, следел физички напад од три лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.