4NEWS.mk

Семејството Салиу од кичевско Зајас наскоро со нова куќа

 Со помош на печалбарите од село Зајас-Теќе , почна градбата на нова куќа на социјално загрозено семејство од оваа село во општина Кичево.

Жители од ова село, кои живеат и работат во Швајварија,  здружени во хуманитарна организација „Зајас-Теќе”, знаеќи во какви лоши услови живее петчленото  семејството Салиу во родниот крај, решиле да соберат финансиски средства од граѓани од ова село кои работат во Швајцарија,  врз доброволна основа за да се реализира оваа хуманитарна акција.

– Нашата акција беше успешна, се собраа доволно средства. Започнавме со градба на куќата, а првата фаза наречена карабина успено заврши и сега во тек се работи кои се одвиваат во внатрешниот дел од куќата. Се надеваме дека пред почетокот на зимата оваа социјално загрозено семејство, благодарение на хуманоста на членовите на нашето друштво во Швајцарија, ќе успее да се всели во новата куќа, рече Лавдрим Сефери и додае дека и во иднина оваа хуманитарна организација ќе продолжи да помага секогаш кога ќе  имаме можности. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни