Борбени авиони на израелските воздухопловни сили денеска ја нападнаа сириската воена инфраструктура во близина на сириско-либанските гранични премини, за кои израелската војска вели дека „активно“ ги користи либанската милитантна група Хезболах за шверц на оружје.
„Овој напад е извршен по откривањето на испораката на оружје на Хезболах од Сирија во Либан, дури и по склучувањето на договорот за прекин на огнот“, се наведува во соопштението на армијата – пренесува Тајмс оф Израел.
Најмалку 40 Палестинци загинаа во израелски напади во Појасот Газа
Сириските медиуми објавија дека нападите биле извршени во областа Ал Кусаир.
Други детали не се соопштуваат, а во ИД не е наведено кој воен објект е погоден.
ИД, исто така, го обвини Хезболах дека користи цивилни гранични премини, со поддршка на сирискиот режим, за да продолжи да шверцува оружје во Либан.
Израелскиот напад врз Сирија дојде откако немирите се проширија низ земјата, а сириските бунтовници се нафрлија во најголемиот град во земјата, Алепо.
Израелските сили претходно објавија дека во текот на изминатиот ден во џамија во јужен Либан е откриено складиште со оружје на Хезболах.
Американскиот претседател Џозеф Бајден на 27 ноември објави дека Израел и Либан постигнале договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, кој стапи на сила во средата вечер истиот ден.
Веќе во попладневните часови, Израел и Хезболах разменија обвинувања за кршење на режимот за прекин на огнот еден ден по почетокот на примирјето.