На денешното судење за Рекет, треба да се појават петмина сведоци, понудени од Бојан Јовановски.
Алекс Кртов, Сергеј Варошлија, Лидија Јаневска, Марија Јанковска и Владимир Тодоровиќ ќе одговараат на прашања од одбраната.
За сведок, Јовановски го понуди и Јовче Ременски, сопруг на поранешната пратеничка Фросина Ременски која е осомничена во предметот Рекет 2 што го води обвинителката Вилма Русковска.
Во Рекет обвинети се Бојан Јовановски и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Одговараат за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев.
Зоран Јаневски
